03/05/2024
Охрид

Традиционална крводарителска акција за Водици во Охрид

Традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2024 (петок) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Црвениот крст ги поканува нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.


WebOhrid / 17.01.2024 / Црвен крст Охрид