27/04/2024
Спорт

Трансфер на Леонард Жута во Валеренга

Леонард Жута ја продолжува својата кариера во Норвешка. Тој е ново засилување на клубот Валеренга, каде ќе го носи дресот со број 5.

Од Валеренга велат дека со трансферот на 28-годишниот лев бек додаваат искуство во нивниот млад и талентиран тим. Тие го познаваат овој играч уште од времето кога играше во Шведска, а напорите да го доведат во своите редови траеја цели 4 недели.

Жута има 15 настапи за македонската репрезентација. Роден е во Шведска каде и ја започна својата кариера, во клубот Хакен (2012-2015), од 2015-2018 играше во Ријека, 2018-2019 во Коњаспор, во 2020 повторно играше за Хакен, а минатата сезона играше за тимот на Лече.

Леонард Жута веќе го одработи неговиот прв тренинг со новиот тим. Можност за деби настап ќе има на 1-ви август, кога Валеренга гостува кај Улерн во рамки од норвешкиот НМ Куп.

WebOhrid / В.Б. / фото: vif-fotball.no