19/04/2024
Охрид

Трета форумска сесија

Општина Охрид во рамки на втората компонента од проектот „Зајакнување на општинските совети” во четврток на 6-ти декември 2018 година, ја организира третата форумска сесија од Форумот на заедници.

Во рамки на оваа форумска сесија ќе бидат презентирани предлог проектите за социјална инклузија, согласно предлог концептите, кои беа прифатени од страна на форумот, на втората форумска сесија.

Концептите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.

По повод организирањето на форумските сесии Општина Охрид ги поканува да земат учество сите граѓани со цел да го дадат својот придонес за транспарентно спроведување на процесот и избор на проект кој е од интерес за локалната заедница.

Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.

Третата форумска сесија ќе се одржи во хотелот „Ривиера“ со почеток во 14:00 часот.