29/03/2024
Македонија

Уапсен криминалец од Бугарија, меѓу најбараните во Европа

На 29.06.2021 во 12.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М.(63) од Р.Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија. П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол.

Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведено во КПУ Затвор Скопје.