26/04/2024
Струга

Учениците и наставниците од „Јахја Кемал“ возеа велосипед по повод Денот на мирот

По повод меѓународниот ден на мирот, ученици и професори на ПСУ „Јахја Кемал“ од Струга организираа ревијален велосипедски маратон кој започна на градскиот плоштад во Струга, а заврши во охридската чаршија.

„Ние наставниците и учениците на ПСУ „Јахја Кемал“ од Струга возевме велосипед помеѓу Струга и Охрид. Во денови кога не само луѓето, туку и животните и растенијата имаат потреба од мирот, чувствуваме гордост поради оваа активност. Сакаме да им се заблагодариме на сите кои учествуваа во оваа активност под мотото „Сврти педал за мир“ посакувајќи свет полн со мир.“ – изјавија од управата на „Јахја Кемал“ од Струга.

https://youtu.be/SIjhq93vV4U