28/04/2024
Охрид

Ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески“освои втора награда на „47 Караманови поетски средби 2020“

Ученикот Николче Ангеловски од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски освои II (втора) награда на „47 Караманови поетски средби 2020“ во Радовиш за избор на најдобри поетски остварувања во категоријата I и II година средно образование, средни училишта од Македонија.

Младост, живот, љубов, радост беше темата на која твореа учениците.

„Ние и кога умираме, треба да пееме“ гласи последниот стих на денот кога загинува 17-годишниот Караманов кој поттикнува да се негува песната.

Задоволство е да се негува детската визија за поубав свет и вербата во подобро утре.