08/10/2024
Спорт

УЕФА ги одреди октомври и ноември за одигрување на плеј-оф натпреварите на Македонија за ЕУРО 2020

На видео-конференциски состанок на Извршниот комитет на УЕФА беа донесени следните одлуки поврзани со продолжувањето на европските натпреварувања: 

УЕФА ЕУРО 2020

Извршниот комитет на УЕФА ги потврди 12-те градови домаќини на Европското првенство кое ќе се одржи во летото, 2021. година.

Тука може да го погледнете комплетниот распоред за Европското првенство, ЕУРО 2020.

Плеј – оф за Европските квалификации и групна фаза од Лига на Нации 2020/2021

Датумите за репрезентативни натпревари во октомври и ноември 2020. ќе се состојат од три, наместо од два натпревари со што ќе се овозможи одложените плеј-оф натпревари за Европските квалификации да бидат закажани во почетните термини од овие месеци, на 8. октомври и 12. ноември 2020. 

Натпреварите од групната фаза на Лига на Нации 2020/2021 ќе бидат одиграни на следните датуми: 3/4/5 и 6/7/8 септември; 10/11 и 13/14 октомври; 14/15 и 17/18 ноември 2020.

УЕФА – Европско првенство до 21 година 2019/2021

УЕФА одобри нов формат на финалниот турнир кој ќе се подели во две фази во првично планираните места во Унгарија и Словенија кои се домаќини на финалниот турнир.

Тековните квалификации ќе бидат завршени во септември, октомври и ноември 2020. На деветте победници од групите и петте најдобро пласирани втори репрезентации ќе им се придружат Унгарија и Словенија за групна фаза од четири групи со четири селекции кои во периодот од 24. до 31. март 2021 година ќе бидат дел од завршницата во Унгарија и Словенија.

Четирите победници на групите и четирите второпласирани ќе се квалификуваат за финален турнир кој ќе се одигра по принцип на директно испаќање (1/4 финале и 1/2 финале во Унгарија и Словенија и финале во Љубљана) во периодот од 31. мај до 6. јуни 2021.

УЕФА – Европско првенство до 19 години 2019/2020

Елитната фаза ќе биде одржана помеѓу 31. август и 8. септември. Финалниот турнир ќе биде поделен во две фази. Групна фаза која ќе има две групи од четири екипи и ќе се одржи од 8. до 14. октомври во Северна Ирска. Двата победници и двете второпласирани репрезентации ќе се квалификуваат за финалниот турнир, додека двете третопласирани екипи ќе учествуваат во плеј-оф натпревари за да се одреди петтата екипа која ќе се квалификува на ФИФА Светскиот куп до 20 години.

Финалниот турнир ќе се одигра во Северна Ирска помеѓу 9. И 18 ноември.

УЕФА Лига на Шампиони и УЕФА Лига на Европа 2020/21

Со цел да се постигне неопходното одвојување на финалната фаза на сезоната 2019/2020 и да се избегне влијанието на клубовите кои потенцијално би можеле да бидат вклучени во двете фази од натпреварувањето, квалификациските рунди на овие две натпреварувањас ќе се состојат од одигрување на еден натпревар (наместо дома – гости како доесега), со единствен исклучок на УЕФА Лига на Шампиони плеј-оф натпревари кои ќе се одиграат на принцип дома – гости.

Домаќинот на натпреварите ќе биде одлучен со ждреб.

Календарот за квалификациската фаза и групната фаза за 2020/21 е следен:

УЕФА Лига на Шампиони 2020/21

Претквалификациска рунда: 8. и 11. август

Прва квалификациска рунда: 18/19. август

Втора квалификациска рунда: 25/26. август

Трета квалификациска рунда: 15/16. септември

Плеј-оф: 22/23. и 29/30. септермври

Групна фаза: 20/21. и 27/28. октомври, 3/4. и 24/25. ноември, 1/2. и 8/9. декември

УЕФА Лига на Европа 2020/21

Претквалификациска рунда: 20. август

Прва квалификациска рунда: 27. август

Втора квалификациска рунда: 17. септември

Трета квалификациска рунда: 24 септември

Плеј-оф: 1. октомври

Групна фаза: 22. и 29. октомври, 5. и 26. ноември, 3. и 10. декември

Нема измени во датумите на понатамошните рунди од натпреварувањата. Извлекувањето за групна фаза за ЛШ и ЛЕ 2020/21 е закажано во Атина на 1. и 2. октомври 2020. 

УЕФА медицински протокол и натпревари без публика

УЕФА ги одобри клучните принципи за медицинскиот протокол и во следните неколку недели ќе се дефинираат деталните насоки со цел да се имплементира детален санитарен план за заштита на здравјето на сите учесници на УЕФА натпреварите во моментот кога ќе се продолжи со натпреварувањата. УЕФА постојано ќе ја проценува ситуацијата низ Европа и ќе соработува со локалните власти со цел да овозможи постепено враќање на гледачите на трибините.