25/04/2024
Македонија

УХМР: Многу студено време повремено со умерен до засилен северен ветер

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови кон недела, особено во југозападните делови.

До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и понекаде во југозападните делови од овие врнежи на снег, таа ќе надмине 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -5 до 1 степени.

Следува период на многу студено време повремено со умерен до засилен северен ветер. Во деновите од викендот и во ноќта кон недела, ќе биде облачно со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Во југозападните делови снежната покривка понекаде на пониските места ќе надмине и 20 сантиметри снег. Утринските температурите ќе ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.