Укината забраната за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 10:30 часот се укинува задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража. Од 06:40 часот на патниот правец Велес-Катланово се укинува забраната за движење на тешки моторни возила. Во 07:10ч. укината е забраната за ТМВ на планински превој Ѓавато и Буково. Од 09:40 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Градско преку планинскиот премин Плетвар. Од 07:15 часот се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец K.Паланка-Деве Баир и од 10:50 на патниот правец М. Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е прооден за сообраќај за сите возила.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.