18/04/2024
Охрид

Украсени чаршијата и улиците во централното градско подрачје

По повод големиот христијански празник Богојавление Водици, екипите на општинските јавни претпријатија денеска извршија украсување на чаршијата и улиците во центарот на Охрид со верски и државни знамиња. Исто така во рамки на предвидените активности во пресрет на празникот, поставени се и украсни знаменца на неколку локации.