24/04/2024
Охрид

Улицата „Кленоец“ во петок ќе биде времено затворена за сообраќај

Се известуваат граѓаните на општина Охрид дека на ден 21.10.2022 (петок) во периодот од 08:00 часот до 13:00 часот поради изведување на активности ќе биде затворена за сообраќај улицата „Кленоец” (во близина на касарната).

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ ќе постапуваат по Решението бр.21-688 од општина Охрид од Комисијата за преземање мерки и активности за отстранување дрва на подрачјето на град Охрид и ќе бидат отстранети две јасики од оваа локација.

Се молат граѓаните во горенадениот термин да ги користат околните улици.


WebOhrid / 20.10.2022 / Општина Охрид