22/04/2024
Охрид

Уште еден голем успех на охридските бреинобреин генијалци на 9-от Интернационален Бреионобреин натпревар

Уште еден голем меѓународен успех на охридските бреинобреин генијалци на 9-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 28 јануари 2023 година. Во конкуренција од 20603 илјади учесници од 84 земји, 37 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на овој натпревар освоија 9 трофеи, 13 златни медаљи и 15 сребрени медаљи.

И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите.

Поттикнати од овој успех продолжуваме со имплементација на Бреинобреин програмата фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку креирање мотивација и позитивен пристап кон учењето кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност.

Денес од 12:30 до 14:30 ч. во просториите на Црвен крст Охрид ќе се реализира отворен ден за Бреинобреин програмата на кој родителите со своите деца ќе можат да се запознаат со програмата и уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.


WebOhrid / 04.02.2023 / Црвен крст Охрид