22/04/2024
Регион/Свет

Утре е судниот ден!?

21.12.2012 Дали овој датум ќе значи крај на светот? НАСА деновиве им објаснува на сите луѓе, медиуми, институции кои бараат објаснување за „Судниот Ден“. Оттаму уверуваат дека нема никакви опасности кои ја демнат нашата планета.

Различни се гледиштата и верувањата за овој ден ширум светот. На Пиринеите, поточно француското село Бугарач заработува овие денови привлекувајќи туристи од целиот свет. Според некои теории ова ќе биде единственото место на светот кое ќе остане недопрено од „Апокалипсата“. Додека пак според властите во Кина, само во изминатите 24 часа над 30 лица завршија во затвор ширејќи ја оваа идеја, со што им влеале страв и несигурност на останатите жители.

Сепак од научна гледна точка НАСА ги даде следниве одговори:

Прашање: Има ли закани за Земјата во декември 2012 година? Многу интернет страници велат дека на светот ќе му дојде крајот токму овој месец?

НАСА: На светот нема да му дојде крајот во 2012 година. Нашата планета повеќе од 4 билиони години е сосема во ред, врвни научници ширум светот знаат дека нема никаква закана поврзана со 2012 година.

Прашање: Од каде потекнува верувањето дека на светот ќе му дојде крајот во 2012 година?

НАСА: Приказната започнува од Сумерите, со планетата која тие ја откриле Нибиру, која се движела кон земјата. Оваа катастрофа првично беше предвидена за 2003 година, но бидејќи тогаш не се случи, се премести понапред за 21 декември 2012 година, односно на крајот на еден од циклусите од календарот на Маите.

Прашање: Дали календарот од Маите завршува во декември 2012?

НАСА: Да, исто како што го имате календарот на ѕидот во вашиот дом. Тоа не значи дека светот завршува на 31 декември. Така и кај Маите, завршува еден период на броење на 21 декември, но започнува нов период. Како што започнува нова календарска година на 1-ви јануари.

Прашање: Како ги доживуваат научниците од НАСА овие тврдења дека светот ќе заврши во 2012 година?

НАСА: За сите катастрофи и драматични случувања во 2012, каде е науката, каде се доказите?  Едноставно ги нема, па така не можеме да го промениме фактот дека не постои веродостоен доказ, без разлика дали се измислици, книга, филм или интернет.

WebOhrid