26/04/2024
МакедонијаПисма/Колумни

Утре во Скопје ќе се одржи протестен марш на жени, мајки, бранителки

Поради немање разбирање, ниту одговор на протестните Барања, против предавствата на Македонија и Македонскиот народ, кои со секој нов ден стануваат се поголеми и побројни, протестите продолжуваат да се одвиваат континуирано и во Кампусот на Македонските бранители, поставен во паркот Жена борец, пред Собранието, а сите помасовни протести ќе бидат најавувани.

УТРЕ, (Сабота) 25.11.2017 година, со почеток во 12:00 часот, пред Владата ќе започне мирниот протестен Mарш предводен од ЖЕНИ МАЈКИ БРАНИТЕЛКИ, кој ќе продолжи преку мостот Гоце Делчев, до плоштад Филип Втори, преку Камен мост, плоштад Македонија, Порта Македонија и ќе има завршен збор пред Кампусот на бранителите во паркот Жена борец, пред Собранието.

ЖЕНИ, МАЈКИ, БРАНИТЕЛКИ како активни учесници во сите досегашни протести и субјект во Коалиционото единство со Македонскиот народ, ГИ ПОВИКУВААТ сите родољуби, здруженија, иницијативи, нашите истакнати личности и луѓе од областа на науката и уметноста, црквата, професори, научници и истражувачи, докажани во јавноста со своите ставови, родољубие и стручност да ни се придружат во протестниот марш, да ѝ се обратат на јавноста и да бидат тело на доблесни бранители на државниот суверенитет, со сите македонски атрибути, кое ќе го поведе македонскиот народ во праведната борба за одбрана на својата самобитност, суверенитет, независност и интегритет.

Суштествениот дел од протестните барања се:

  1. Да престанат сите антимакедонски геноцидни планови и дејствија против македонскиот народ и разградување на македонската држава.
  2. Да престанат непринципиелните мешања на надворешни фактори во внатрешните работи на РМ и спроведувањето антимакедонски ПЛАНОВИ.
  3. Интернационализирање на македонските прашања/работи и обелоденување на Вистините за Македонија и ПЛАНОВИТЕ за нејзино разградување, редефинирање, уништување, вршејќи цивилизациски геноцид врз Македонскиот народ и бришење од списокот на живите народи од картата на народите, со барање за разбирање, поддршка и помош од земјите што ја признале Р.Македонија под нејзиното уставно име.
  4. Слобода за македонските медиуми од наметната медиумска диктатура и медиумски мрак и пропаганди.

24.11.2017 г.
Скопје

Од организаторите

ЖЕНИ, МАЈКИ, БРАНИТЕЛКИ

Здружение на граѓани Преродба

Движење за цивилизациски вредности

Единствениот пат- Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.