Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески
Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите граѓани.
„Почитувани граѓани, православни христијани,
Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.
Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.
Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите со најблиските, во здравје, мир и радост.
Христос воскресе!“- стои во честитката.