08/12/2024
Струга

Велигденска честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга

„Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите православни верници им го честита најголемиот христијански празник Христовото воскресение – Велигден!

Ова е празник кога ја славиме победата на животот над смртта!

Кога љубовта и вербата во Бога се пренесуваат од поколение на поколение. Празник кој не поучува дека почитувањето на христијанските вредности е битие и код на нашиот народ!

Низ вековната традиција, пренесуваме порака за вистината, за верата во Христос која ни дава надеж дека добрината и сплотеноста ќе го победат секое зло!

Ви посакуваме, на овој голем христијански празник, здравје, благосостојба и бескрајна среќа!

Нека овој светол ден, биде нов почеток во кој го празнуваме благодетот на животот затоа што денес, животот ја победи смртта!

Христос воскресе!

Вистина воскресе!

За многу години христијани!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.