05/05/2024
Охрид

Велигденски базар на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР НА ПЛОШТАДОТ „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 30.04.2024 година (вторник)  ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“.

Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.

Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани.


WebOhrid / 25.04.2024 / Општина Охрид