Верници се упатуваа кон манастирот Света Петка во Велгошти

По повод празникот посветен на Преподобната маченичка Параскева – Св.Петка, вчера и денес верниците го посетија манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, палеа свеќи за здравје и среќа и се поклонуваа пред светицата.

Верниците ги почитуваа протоколите за заштита со вирусот, односно на нив носеа лична заштитна маска, а на влезот од црквата беа поставени и редари кои ја контролираа толпата луѓе.

Манастирот Св.Петка е сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, а над селото Велгошти. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8-ми август, кога е манастирската слава.

За многу години!

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid