27/04/2024
Виц

Виц

Бабата го израснала внукот, го научила се што знае, од градинка, во школо, целиот живот бабата и внукот живееле заедно. Арно ама, дошло време да се жени. Му нашла бабата најубава и најчесна жена во селото, направиле свадба, и по еден месец бабата ја прашува невестата:

– Кажи ми ти невесто, дали се сложувате со мојот внук?

– Супер е бабо, се е во ред само…

– Што е ќерко, кажи, дали можам некако да помогнам?

– Па бабо, кога ќе си легнеме навечер во кревет тој одма заспива!

Бабата се сетила дека само за такви работи не го има учено внукот. Се вратил внукот од работа и бабата му вели:

– Слушај внучко, кога ќе легнеш со жената во кревет, треба малку да ја мазиш, да ја љубиш и по извесно време треба да влезеш во неа!

– Не е можно бабо, дали си сигурна дека треба тоа да го направам!?! – зачуден внукот.

И си легнал вечерта со жена му, се свртел кон неа и почнал да ја мази, да ја љуби, а таа пресреќна. По извесно време тој застанал и рекол: 

– Слушај жено, сега ќе влезам во тебе, но да знаеш ако не се вратам, ДА МИ ЈА ЧУВАШ БАБА!!!