24/04/2024
Виц

Виц

Еден Швајцарец возел автомобил во Aмерика, но залутал по улиците, видел двајца Американци на автобуска постојка, па решил да ги праша.

– „Entschuldigung, koennen Sie Deutsch sprechen?“ – прашал тој, но Американците само зјапале во него.

– „Excusez-moi, parlez vous Francais?“ – се обидел и на француски, но тие и понатаму не го разбрале.

– „Parlare Italiano?“ – повторно без одговор.

– „Hablan ustedes Espanol?“ – повторно ништо не одговориле Американците.

Разочаран, Швајцарецот си заминал.

– Што мислиш, треба да научиме некој странски јазик? – прашал првиот Американец.

– Не, зошто!? Нели виде дека типот знаеше 4 странски јазици и пак не се снајде! – му рекол вториот.