Владата во фирмите во општинава преку сет – мерките и Центарот за вработување вбризга над 27 милиони денари

Пратениците на владејачката СДСМ Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска денска беа во работна посета на Центарот за вработување во Охрид. На средбата со в.д директорот Пецо Павловски и м-р Линда Ахмед, соработник за правни и административни работи во Центарот беа анализирани резултатите од спроведените Активни мерки од Оперативниот план на Владата за 2020 година искористени во општина Охрид, а реализирани преку Центарот за вработување од Охрид.

Во кризната и Ковид година која остана зад нас податоците говорат дека мерката финансиска поддршка на мали и средни претпријатија ја искористиле 34 фирми за 44 лица, за набавка на опрема и репро материјали во вкупен износ од 2.181.000,00 денари. Тоа се неповратни средства од кои за млади лица до 29 години по 92.000,00 денари а за другите лица по 153.750,00 денари по лице.

Мерката-Субвенционирање на плати во 2020 година- ја искористиле 27 фирми за 40 вработувања и тоа по 228.000,00 денари по лице или вкупно искористени средства по овај основ изнесува 9.120.000,00 денари и овие средства се неповратни се субвенционираше бруто плата во износ од 19.000,00 денари по лице за период од 12 месеци.

Мерката практиканство за млади до 24 години по 3 месеци, ја искористиле вкупно 47 фирми за 52 практиканти. И тоа по 9.000,00 денари за лице или вкупно 468.000,00 денари на ниво на општина Охрид за 2020 година.

Мерката Самовработување со грант- основање сопствен бизнис со неповратни средства, во опрема или репро материјал во висина од по 307.500,00 денари по лице, во 2020 година ја искористиле 44 лица кои основале 37 фирми. Вкупниот износ на овие искористени неповратни средства во 2020 година на ниво на општина Охрид изнесува 13.530.000,00 денари. Или само со овие мерки кои се дел од Оперативниот План за 2020 година ,во општина Охрид,биле искористени вкупно 27.410.000,00 денари.

Овие мерки ќе продолжат и оваа 2021 година со новиот Оперативен План кој е во финална фаза на носење. Така што со уште поголем чекор и мотив и ние како Центар за вработување Охрид ќе чекориме напред, вели в.д. директорот Павлоски.

Пратениците Таневски и Лазаревска потенцирале дека и покрај тоа што Оперативниот план за 2020 година на ниво на Република Северна Македонија беше подготвуван без никакви претпоставки и предвидувања за светска пандемија, сепак неговата реализација изнесува високи 94,5%, односно опфатени беа 10.953 невработени лица. Реализирани се 1 милијарда и 270 милиони денари, од кои 650 милиони денари за поддршка за креирање на нови работни места“.

Мерката за самовработување е една од најдобрите и најуспешните, со висока реализација од 98,5%. Притоа, преку мерките доделување на грантови во износ од 5.000 до 10.000 евра, Субвенционирање на плати и Вработување и раст на правни субјекти се вработиле околу 4.000 лица.

Република Северна Македонија е првата земја која не е членка на Европската Унија, а започна со имплементација на проектот Гаранција за млади. Во фокусот на овој проект се млади, невработени лица до 29 години и мерката даде одлични резултати и покрај специфичните услови што ги наметна пандемијата КОВИД-19. Од вклучени 25.482 млади лица, 7.197 се вработиле, а 1.249 лица преку вклучување во активни мерки ја зголемиле својата вработливост, соопштиле на средбата пратениците Таневски и Лазаревска.

Охридските пратеници од редовите на СДСМ промовирајќи ги успешните политики на владата кои се поддржани и од парламентарното мнозинство по посетата на Центарот за вработување најавуваат зачестени средби во јавните и државни институции како и приватни фирми и компании. Целта е преку разговор да се промовираат резултатите и ефектите од напорите на Владата на РСМ за подобрување на состојбите во стопанството и економијата, на севкупното живеење пред се’ во општина Охрид.