19/03/2024
Македонија

Влатко Груевски во целост ја испеа химната на прославата на Илинден на Мечкин Камен во Крушево

Оперскиот пејач Влатко Груевски после синоќешната изведба на отварањето на НКС “Десет Дена Крушевска Република” ја испеа државната химна на прославата на Илинден на Мечкин Камен во Крушево, непосредно пред обраќањето на премиерот Зоран Заев.

Химната беше испеана во целост, заедно со строфата:
ОДНОВО СЕГА ЗНАМЕТО СЕ ВЕЕ,
НА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА!
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ПИТУ ГУЛИ,
ДАМЕ ГРУЕВ, САНДАНСКИ!
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ПИТУ ГУЛИ,
ДАМЕ ГРУЕВ, САНДАНСКИ!