27/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска укина четири стручни паралелки и преку нашиот проект за дуално образование се кити со туѓи перја

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите која се однесува на денешната изјава на министерката за образование и наука, Мила Царовска.

„Министерката за укинување Царовска откако избега од средбите со наставниците и родителите сега доаѓа исклучиво само во партиска посета на одредени училишта во Охрид.

Лицемерно е Царовска да ветува правна и економска сигурност за наставниот кадар кога претходно Жаклина Лазаревска и СДСМ уништија човечки судбини и оставија без работа над 50 наставници и стручни соработници за сметка на партиски војници.

Царовска на срамен начин го промовира дуалното образование, проект на ВМРО-ДПМНЕ, само нејзини се перјата за китење.

Министерке,

Охриѓани денеска очекуваа дека заедно со градоначалникот Георгиески дека ќе ја отворите ветената спортска сала во средното училиште „Ванчо Питошески“.

За вас партиските функционери се деветтооделенци?

Бесрамно лажете затоа што укинавте четири парелелки во Охрид, а не отворивте нови.

Кога веќе промовирате стручно образование, дали затоа што укинавте една паралелка во средното училиште „Свети Кирил и Методиј“ не бевте да ги слушнете тие наставници коишто остануваат со помал фонд на часови?

Ќе спроведувате реформа, а ни трага, ни глас од спортските сали во основните училишта: „Кочо Рацин“ – Црногорци, „Братство-Единство“ – Лескајца и „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Како ќе ја спроведувате Концепцијата кога остана само празно ветување Регионалнииот центар за обука на наставен кадар во училиштето во Трпејца?

Наместо ароганција и лажна перцепција, заедно со директорите требаше да кажете колку наставниците ја држат онлајн наставата од дома затоа што во училиштата не обезбедивте услови, за нефункционалната национална платформа за учење на далечина и колку ученици воопшто не следат настава.

Укинувате Историја, укинувате печатени учебници, го уништувате целото образование.

Образованието во Македонија е заложник на Царовска и под партиска диктатура на СДСМ.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.