24/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Целата болница постана ковид центар исто како и Кардиолошкиот центар иако луѓето со кардиоваскуларни заболувања се најкритични

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес пред ЈЗУ Општа болница одржа прес-конференција на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Недостаток на лекови, недостаток на терапија, немање протоколи на лечење, здравствени работници без заштитна опрема се само дел од проблемите и хаосот којшто се случува во здравството.

Доколку за Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и Министерството за здравство инвестициите во здравството им беа приоритет наместо лажниот ПР сега изградбата на модуларната болница ќе беше завршена и болницата во Охрид подготвена ќе го дочекаше есенскиот бран од коронавирусот.

Поради неспособноста сега одделенијата од Општата болница се адаптирани во ковид центри, целата болница постана ковид центар исто како и Кардиолошкиот центар иако луѓето со кардиоваскуларни заболувања се најкритични.

Ако ние не правиме болници, Србија направи два ковид центри, што направивија тогаш луѓето од власта?

Болничките капацитети се преполни, хронично болните ги ставивте во ризик, медицинскиот кадар е исцрпен и бројот на заразени медицински лица е сè поголем.

Граѓаните се оставени самите на себе, а како власт воопшто не покажувате интерес и грижа за нивното здравје.

Затоа што не можете да се носите со проблемите треба да понесете директна одговорност.“ – истакна Божиновски.