28/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Криминогената Крлеска и фалсификатор ако имаше доблест ќе се повлечеше од Раководител на Централен Регистар Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите која се однесува на прес-конференцијата на претседателката на ОО на СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска.

„Без нималку срам криминогената претседателка на СДС Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска ги изговара зборовите дивеење и беззаконие, а самата таа на фалсификаторски начин без да ги исполнува критериумите незаконски ја извршува функцијата Раководител на Централен регистар Охрид.

Дегутантно е Крлеска, која до вчера беше дел од ЈП „Охридски Комуналец“, да обвинува за купување половен булдожер, иако сите знаат дека тоа е далеку поекономично отколку изнајмување машини за одржување на депонијата Буково.

Ова е реалната вистина која ги боли СДС и Крлеска, затоа што тие не знаат да раководат домаќински:

Предивдени беа 3 300 000 денари со ДДВ, а само за 3 години за одржување на Буково се потрошени 15 милиони денари.

Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ целата постапка ја спровел законски со цел претпријатието да остварува огромни заштеди на средства кои претходно се трошеле за изнајмување градежни машини и се плаќале огромни износи.

Крлеска-Деспотоска како што фалсификува, така и лаже, треба да се засрами затоа што години земаше плата од ЈП „Охридски комуналец“ пред да врши незаконска работа како Раководител.

Дали Крлеска на ваков начин се залага за работа исклучиво во согласност со закон?

Ако има барем малку доблест треба веднаш да се повлече од раководната позиција и од политичкиот живот.

Кога веќе споменува институции тогаш ги повикуваме Трудовиот инспекторат и Агенцијата за спречување на корупција веднаш да преземат мерки за ваквите незаконски дејствија.

Охриѓани со нетрпение ги чекаат изборите и ќе им го зададат крајниот и конечен удар на СДС со што засекогаш ќе завршат со политичката сцена.

Време е за промени, време е да си ја вратиме Македонија!“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


15.03.2024 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид