28/04/2024
Македонија

Бојмацалиев: МВР е целосно спремно за изборниот процес

Во интервјуто за ТВ Тера и прашање дали полицијата се подготвува за изборите со нивното наближување и зголемување на политичките тензии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев потврди дека министерството за внатрешни работи е во интензивни подготовки и спремно да го гарантира мирното одржување на изборниот процес.

„Од вчера од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски е формиран централниот штаб кој ќе ги следи изборите. Дадена е насока на сите СВР-а, ќе формираат и подштабови, така ќе ги собираме информациите од локално кон централно ниво, за локални појави ќе си носи одлука локалниот штаб, за поголеми случувања а се надевам дека нема да ги има ќе носи централниот штаб како ќе постапува македонската полиција и тоа е во исклучива надлежност на на БЈБ Сашо Тасевски.“, дециден беше Бојмацалиев.

Тој потврди дека на денешнините состаноци со раководството на СВР Битола е потенцирано дека безбедносната состојба во Битола е на задоволително ниво, има опаѓање на криминалитетот, опаѓање на сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди што дава една добра слика дека македонската полиција на територија на СВР Битола си ја врши добро својата работа и граѓаните ги почитуваат законите.