28/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемата инвестиција на СДСМ во Економското беше укинувањето паралелки

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција во врска со соопштението на СДСМ Охрид кое се однесува на проектите во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“.

„И по година и четири месеци СДСМ се занимава со ширење невистини мислејќи дека охриѓани ќе наседнат на нивните лаги.

За СДСМ главни инвестиции беа четири години нереформи, кратења и создавање хаос во образованието.

СДСМ нема кредибилитет да зборува за образованието затоа што со нив сликата беше распаднати ѕидови, санитарни јазли во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваа.

СДСМ укинуваше паралелки во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ и без нималку чувство на грижа ги остави наставниците со помал фонд на часови.

А сега со градоначалнкот Д-р Кирил Пецаков и Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно се вратија укинатите паралелки во училиштето кое доби промена на електричната инсталација, нов систем за греење, термофасада, партерно уредување, училница на отворено, смарт табли и ИТ опрема.

СДСМ ги лажеше охриѓани за спортските сали во основните училишта „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“, „Братство Единство“ во Лескајца и средното училиште „Ванчо Питошески“.

Лажеше и за Регионалниот центар за обука во Трпејца.

Нема ни трага, ни глас!

За разлика од СДСМ ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш посветено работиме и резултатите се видливи на терен.

СДСМ наместо неосновано да критикува им порачуваме да се фати за работа и да ја завршат веќе одамна задоцнетата реконструкција на ученичкиот дом и училиштето „Ванчо Питошески“ кое за жал го претворија во партиски штаб.

Дотогаш нека гледаат и учат како се работи и како се исполнуваат ветувањата пред охриѓани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Пецаков.“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 16.02.2023 / ОК на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид