25/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка за празникот Св.Климент Охридски

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод празникот 8 Декември – Св.Климент Охридски.

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени и срдечни честитки по повод големиот празник Свети Климент Охридски.

Свети Климент Охридски е закрилник на македонскиот народ и патрон на градот Охрид. Наш рамноапостолен заштитник и просветител кој не им давал сон на своите очи, ниту дремка на своите веѓи. Неговата апостолска дејност како културно богатство е духовна крепост и патоказ кон иднина како европски цивилизациски симбол.

Светиклиментовото слово зрачи и чудотвори, описменува и облагородува. Светиклиментовите зборови се потребни и денес, толку се живи, како да се упатени кон современиот Македонец. Следејќи го патот на Свети Климент со труд, смирение и искрена посветеност да ги пребродиме бурите на историјата и да бидеме одговорни пред Македонија.

Нека е честит и вековит празникот!

Нека е вечно делото на Светиот Климент Охридски!“ – стои во чститката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.