28/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Проектот мрежа на СДС Охрид со непотизам, партизација и кронизам (дел 2)

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Непотизам во Охрид, Крлеска роднина на Зечевиќ главен кадровик на СДС во државните институции.

Проектот мрежа за партизација и кронизам е поврзан со Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС кој ја поставува Кристина Крлеска-Деспотоска за главна на охридската филијала на СДС само поради роднинските врски како единствен критериум.

Кристина Крлеска-Деспотоска со помош на роднинската моќ, откако четири години залудно ги потроши како директор на ЈП „Градски пазар“, по смена на локалната влас, незаконски и на фалсификаторски начин е преместена како Раководител на Централен регистар Охрид, за што е покрената истрага од надлежните институции поради сомнеж за фалсификување документи.

Сопругот Климе Деспотоски поради семејните врски со Зечевиќ станува негов оперативец и од тос добива корист и ќар. Заедно со Крлеска-Деспотоска имаат печатница „Коста Абраш“, фирма која додека е директорка на јавно претпријатие за 4 години има случено договори со опптинските јавни претпријатија ЈП „Водовод“, ЈП „Охридски Комуналец“, ЈП „Нискоградба“ во вредност од 8 453 000 денари.

Проектот мрежа за партизација сè повеќе и повеќе се разгранува и шемите се огромни, за сите лица во него да имаат послушност кон Миле Зечевиќ задолжена е неговата братучетка Кристина Крлеска-Деспотоска.

Крлеска-Деспотоска да излезе во јавност за оваа цела афера со испреплетени мрежи затоа што охриѓани чекаат одговор!

Време е за промени!

Заедно со охриѓани ќе ги поразиме!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 21.03.2024 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид