04/05/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Крлеска најмногу ги боли довербата кон Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ и проектите кои ги реализираме

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со прес-конференцијата на Кристина Крлеска и СДСМ.

СДСМ и Кристина Крлеска, претседателка на ОО СДСМ Охрид немаат ниту лице, ниту право да кажуваат кој ги изневерил охриѓани. Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков има тројно поголема доверба од охриѓани за разлика од вас. СДСМ и Крлеска, најмногу ве боли таа доверба и проектите кои се реализираат на секое едно место низ Охрид.

Додека назадуваме со централната власт и сите институции со кои раководите, Охрид со оваа Локална власт напорно работи и се развива во сите сфери:

–              Реконструкција на булеварот „Македонски просветители“;

–              Започната е процедурата за изградба на училишна спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец;

–              Стипендии за ученици, студенти, лица со посебни потреби и ретки болести, награди за ученици, наставници и првенци на генерации, еднократна помош за првачиња и студенти;

–              Изградба на нови мултифункционални спортски игралишта;

–              Во Касарната отворени се Младински Центар Охрид и Дневен центар за лица со церебрална парализа;

–              Изградба и реконструкција на спортски и детски игралишта;

–              Асфалтирање улици, изградба и доизградба на водоводни системи, фекална и атмосферска канализација насекаде низ Охрид;

–              Огромна поддршка за спортските и културните настани и манифестации;

–              Донесени две нови инвестиции… и уште многу проекти и дела!

Неработници од СДСМ, создадени сте само за опструкции на проектите и експерти сте за презадолжување на општината. Главни опструенти сте за Катната гаража и плоштадот „Крушевска република“ и веќе две години не издавате одобрение за градба и претходно конзерваторско мислење. Иако ја затекнавме презадолжена Општина Охрид заедно со очајното раководење на јавните претпријатија сега сме на прагот Општината да се раздолжи и по многу години да има нормално функционирање.

Наместо да кажувате приказни за мали деца во кои ви веруваат единствено партиските поставени директори од Галичица, за брзо време има да се уверите и Крлеска и СДС колку ви вредат зборовите, а тоа најдобро ќе ви го докажат охриѓани на изборите.

Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ го оправдаа дадениот глас на охриѓани!

Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ ја оправдаа довербата од охриѓани!

Продолжуваме уште подобро и уште повредно со проекти и дела за сите во Охрид!“ – стои во рекцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 05.11.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид