10/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЈУНП „Галичица“ – Охрид не престануваат скандалите впрочем и секаде каде што СДСМ раководи со институциите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Во Јавната установа национален парк „Галичица“ – Охрид не престануваат скандалите впрочем и секаде каде што СДСМ раководи со институциите.

Откако претходно реагиравме за скандалите поврзани со вработениот шумар сега истиот врши терор, заплашување дека ако под итно не биде вработен неговиот син, кој воедно не ги исполнува условите и има фалсификувани документи, ќе летале глави, како и други закани врз кандидатите, вработените, управниот одбор, но и врз директорот.

За да се иронијата и скандалот поголеми против истиот е отворена предистражна постапка од страна на стопански криминал при СВР Охрид за пустошење на шуми, потпомогнат од мал дел вработени во установата во содејство со општинската СДСМ и моќници од Скопје.

Трудовата инспекција веќе 40 дена не им одговорила на преостанатите кандидати кои во благовремен рок поднеле жалби со прецизни докажани аргументи дека огласот е нелегитимен и дека се протежира кандидат со фалсификувани документи без запазување на матријалното право што претставува кривично дело и со ова во установата се нарушени и работните односи, човековите права и меѓучовечките односи.

Ова е начинот на кој општинската СДСМ владее преку рекетарски начин спротивно на закон за остварување на личните интереси.

Ја повикуваме Антикорупциската комисија и останатите надлежни институции да го расчистат случајот конечно и да се стави крај на самоволието и хаосот во ЈУНП „Галичица“.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 09.01.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид