Пуштено во употреба зимското лизгалиште во Охрид

Денес градоначалникот Константин Георгиески, го пушти во употреба зимското лизгалиште. На површина од 325 метри квадратни, лизгалиштето е поставено на Кејот „Македонија“, каде има и мала бина, на која секојдневно учениците од основните училишта ќе имаат културно – уметничка програма.

Лизгалиштето е донација на Агенцијата за спорт и млади, а со него во наредниот период ќе управува ЈП „Билјани извори“. Цената за изнајмување на лизгалките е сто денари од час, а лизгалиштето ќе работи секој ден од 11 – 24 часот.