25/04/2024
Охрид

Изведба на нова водоводна линија на улицата „Бранко Шотра“

Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид започна со реконструкција односно изведба на нова водоводна линија на улицата „Бранко Шотра“. Увид за текот на градежните активности изврши градоначалникот Кирил Пецаков.

Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, се поставува нов цевковод од полиетиленски материјал со профил ф63мм во должина од 50м, вклучувајќи и поединечно  преприклучување на сите објекти од улицата во новата линија.

Средствата за реализација на изведбата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.