Во Битола пронајдени артилериски гранати од Првата светска војна

При вршење на ископ кај старата трибина од стадионот под „Тумбе кафе“ во Битола, пронајдени се артилериски гранати 75 мм од Првата светска војна.

Пиротехничарите при Дирекцијата за заштита и спасување веќе трет ден по ред вршат дислоцирање на гранатите. До сега се дислоцирани 591 гранати.

Пиротехничарите продолжуваат со работа на терен се до конечно завршување на активностите.