Во четврток во Охрид ќе биде отворена десеттата Летна школа за изучување на мајчин јазик

Директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија Никола Шалваринов на ден 26.07.2018 година во 16 часот во просториите на Конгресниот центар во Охрид ќе  ја отвори десеттата Летна школа за изучување на мајчин јазик, проект на Агенцијата за иселеништво.

Летната школа за изучување на мајчин јазик се реализира секоја година, традиционално во Охрид. На оваа школа учествуваат деца на иселеници од земјата кои имаат за цел да го изучат јазикот на нивните родители. Преку најразлични забавни и едукативни активности, децата на иселениците ќе  имаат можност да се запознаат и да ги научат македонската историја, традиција, култура и јазик.

На десеттата Летна школа свои обраќања ќе има директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и директорот на музеј на Македонија, Гордан Николов.