18/06/2024
Македонија

Во Крива Паланка е поставена изложбата “Жените и фотографијата”

Во изложбениот простор на НУ- Центар за култура, Крива Паланка од денеска е поставена националната изложба на фотографии “Жените и фотографијата”…

„Изложбата е во организација на Фото-клуб Куманово, беше отворена по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март и опфаќа 32 фотографии од жени-авторки кои со фото-објективот заробиле мигови од реалноста.

Меѓу изложените фотографии со едно дело е застапена кривопаланечката академска сликарка Маја Јаќимовска која се изразила и преку фотографијата како медиум“, истакна Вања Јакимовска, директор на НУ Центар за култура, Крива Паланка.
Изложбата е поддржана од Министерство за култура на Република Македонија и Национална фото- унија на Македонија.
Фотографиите ќе бидат поставени во фоајето на Центарот за култура до 30 март.