05/11/2024
Охрид

Во сабота стартува новата линија Охрид- Виена со Wizz Air

ТАВ Македонија, на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, на свечена церемонија ќе го означи отпочнувањето на директните летови Охрид – Виена со авиокомпанијата Wizz Air.

Настанот ќе се одржи в сабота, 17 ноември 2018, на платформата на Охридскиот аеродром.

Леталото е закажано да слета во 17 часот.

Пред присутните ќе се обратат:

– г-дин Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија
– г-дин Љупчо Јаневски, директор на Агенција за туризам
– г-дин Јован Стојаноски, градоначалник на Охрид
– г-дин Рамиз Мерко, градоначалник на Струга