26/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

По повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

„Празнувањето на денот на вториот бошњачки собор претставува симбол на обединетоста и сплотеноста на бошњачкиот народ, но и симбол на нашата традиција за разбирање, толеранција и почитување на различностите.

Бошњачката заедница, традиција и култура се нераскинлив дел од нашата татковина и заеднички треба да работиме за подобра и посветла иднина, да ја градиме обновата на Република Македонија.

Денешниот ден нека помине во празнично расположение со желби за здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека Ви е честит 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.