25/04/2024
Дебрца

Во Слатино оддадена почит кон Игор Костоски и неговите соборци, загинати пред 18 години, во ужасниот масакр кај Вејце

По повод утрешниот тажен ден, пред 18 години, кога во заседа, кај тетовското село Вејце, свирепо, беа убиени и масакрирани осуммина припадници на специјалните единици на МВР и на АРМ, во селото Слатино, општина Дебрца, се одржа комеморација пред Спомен обележјето на Игор Костоски.

Покрај Костоски, во заседата, ги загубија животите Роберт Петковски од скопското село Бунарџик, Бобан Трајковски од Куманово, Миле Јаневски од Македонска Каменица, како и битолчаните Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски, од посебната единица на СВР Битола.

Пред сенките на храбриот воин Костоски, по потекло од ова село, се поклонија и венци положија градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, претседателот на Сојузот на здруженијата на ветераните од безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија, генерал Филип Котели, претседателот на Здружението за општините Охрид и Дебрца, полковник Добре Вељаноски, мештани и роднини на Игор Костоски.

За тажниот настан, говореше полковник Вељановски, самиот учесник во воените дејствија од 2001 година, на теренот на тетовско, гостиварско и кичевско.

Масакрот се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот, кога припадници на т.н. ОНА извршија напад врз патролата на безбедносните сили.

Телата на убиените „волци“ и полицајци беа масакрирани и запалени.

Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени.

Сеуште никој не одговарал за ова злосторство.

Веле Митаноски