05/12/2024
Македонија

Возење во зимски услови и на замрзнати коловози

Зимските услови на патиштата најчесто се карактеризираат со намалена фрикција (триење) помеѓу гумите и коловозот предизвикана од лед или снег на патот. Намалената фрикција пак ја отежнува контролата и управувањето со возилото (поаѓање, забрзување, успорување, контрола при свиоци).

Фрикцијата, помеѓу две површини кои се допираат е пропоционална со големината на површините, а како поим за мерка на фрикција се користи “коефициент на триење” и истиот може да има вредност помеѓу 0 и 1. Така на пример, ситуација во која се изгубило триењето помеѓу гумите и коловозот и дошло до губиток на контрола на возилото, се дефинира со коефициент 0. А ситуација со најдобар коефициент на триење се дефинира со коефициент 1. Значи дека колку подобра контрола врз возилото, толку е поголем коефициентот на триење. Сите знаеме дека е полесно да се управува во возилото на суви коловози, малку потешко на влажен, а вистинска „кошмар“ е управувањето на замрзнат коловоз. Коефициентот на триење кога се  вози на сув коловоз е околу 0.80 до 0.85, на влажен околу 0.45 до 0.50, а при возење на замрзнати коловози само 0.05 до 0.10.

Како да обезбедите највисок коефициент на триење во зимски услови

Обезбедувањето на највисок можен коефициент на триење е одлучувачки фактор за безбедноста при возењето во зима. Како да го добиете?

  • Избегнувајте нагло вртење на возилото, нагло кочење или забрзување. Ваквите дејствија допринесуваат до понатамошното намалување на коефициентот на триење, што е особено опасно при возење на замрзнат коловоз, и често може да дојде до губење на контролата врз возилото.
  • Пред да излезете да возите во зимски услови, монтирајте соодветни пневматици. Зимските пневматици се специјано дизајнирани за возење по замрзнат коловоз, и се далеку по безбедни од обичните. Подлабоките вдлабнатини и поголемата еластичност при ниски температури ја зголемуваат фрикцијата помеѓу коловозот и пневматикот.
  • Таканареченото “дефанзивно” возење доаѓа до израз најмногу во зимски услови. Возење дефанзивно, помеѓу другото, значи предвидување каде би можеле да очекуваме отежнати услови и навремено превземање на превентивни мерки. Дополнителна претпазливост за околностите и ситуацијата на коловозот, особено пред вас, како не би дошло до потреба за нагло кочење или вртење на возилото значително ја намалува опасноста од сообраќајна несреќа во зимски услови.
  • За да се обезбеди максимална фрикција при возење по угорница, удолница или кривина, основно правило е навремено намалување на брзината. Кинетичките сили кои влијаат врз возилото во овие околности дополнително го оптеретуваат коефициентот на триење, и може многу лесно да се изгуби контрола.

Реагирање во случај на губиток на контрола

Доколку се изгуби контрола, и покрај сите превземени мерки и претпазилвост и возилото почне да пролизгува по коловозот, сечива првична реакција е притискање на сопирачката. Но наспроти ова инстинктивна реакција, се препорачува отпуштање на сопирачката. На овој начин најлесно може да дојде до враќање на контролата и исправување на правецот на движење на возилото.

Поаѓање

При поаѓање на замрзнат пат, најбитно е нежно отпуштање на квачилото и додавање на гас. Благо пролизгување во овие ситуации е неизбежно, но не е нешто од коешто треба да се плашите.

Кочење

При кочењето настануваат проблеми кои ги решавате прво со притискање на квачилото, а потоа нежно притискање на сопирачката. Дозволете возилотосамо да си ја намалува брзината, како резултат на триењето, за да не дојде до можна незгода

.

РСБСП со совети: Во зимски услови и на замрзнати коловози, возете внимателно, концентрирано и со намалена брзина! ВОЗИОДГОВОРНО!