28/04/2024
Охрид

Возило излета од коловоз на патот Охрид-Кичево кај Врбјани

На 02.01.2024 во 09:45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Скопје излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби сопатничката од возилото В.А.(58) од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 03.01.2024 / СВР Охрид