27/04/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков ја презентираше донацијата од компанијата „Ховер крафт адриа“ за основните училишта „Св.Климент Охридски“ и „Григор Прличев“

Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, ја презентираше добиената донација од компанијата „Ховер крафт адриа“, а тоа се „Ер Трекови“ , односно специјализирана подлога за физички активности. Оваа компанија донира две вакви подлоги едната ќе биде во ООУ „Климент Охридски“ , а другата во ООУ „Григор Прличев“.

– Компанијата „Ховер крафт адриа“ свој прозиводствен погон отвори неодмана во Охрид, а доаѓа благодарение на нашите заложби и лобирања за инвестирање во Охрид. Благодарение на коректниот однос на кој наидоа, менаџментот на компанијата донесе одлука за почеток да донира две специјализирани подлоги. Тука сакам да ја изразам мојата благодарност и да порачам и другите компании да го следат нивниот пример. Нашите заложби за привлекување на компании да инвестираат во Охрид, продолжуваат. Тоа го манифестираме преку градење партнерски односи и давање на поддршка во рамки на нашите ингеренции, истакна градоначалникот Пецаков и додаде дека како одговорна Локална самоуправа, постојано се грижиме и вложуваме во образовнието и развојот на децата. Затоа вакви подлоги ќе набавиме и за останатите училишта на територија на Општина Охрид.

Изминатиов период Општина Охрид изврши набавка на топки за сите видови спортови и спортски реквизити неопходни за непречено одвивање на наставата по физичко и здравство образование, а пред велигденските празници и официјално беше ставено во употреба реконструираното повеќенамесно игралиште во склоп на училиштетот „Св. Климент Охридски“. Покрај подобрувањето на условите во образовните институции, тука е и поддршката на учениците преку стипендирање во повеќе категории.

Hofer_Craft_25042023001Hofer_Craft_25042023002Hofer_Craft_25042023003


WebOhrid / 25.04.2023 / Општина Охрид