Вредна донација за Општа болница и ОУ „Климент Охридски“

Во СРЦ „Билјанини извори“, денес, од страна на претседателот на германското христијанско здружение, Фридер Вајнхолд беше предадена вредната донација за Општата Болница – Охрид и ОУ „Климент Охридски“. Донацијата ја примија директорките Славица Малеска и Наташа Танеска.

Донацијата се состои од болнички креветчиња, инвалидски колички, помошни колички за одење, столчиња, училишни табли, маси, столчиња и графоскопи. Ова претставува прва донација во Охрид од страна на христијанското здружение.

„Како организација за христијанска помош во регионот сме од поодамна. Соработката со Охрид започна уште во 2016 година кога учествуваме на еден семинар каде што потпишавме и меморандум за соработка. Целокупната опрема што е донирана е од болницата и училиштата во градот Визмар, кој што исто така е град под заштита на УНЕСКО, а тоа е уште една точка што ги поврзува овие два града. Чувствувам задоволство што имавме можност да донираме во Охрид, истакна претседателот на здружението, Фридер Вајнхолд.

Се очекува соработката со ова здружение да продолжи и во наредниот период се со цел реализација на повеќе донации во повеќе институции.