27/04/2024
Охрид

Втора вечер на 21то издание од Мегународниот фестивал “Актерот на Европа – 2023”

Сценска игра од УНЕСКО – проектот, со учесници од “Балканската мрежа на уметничка мобилност на младите”

Втората вечер на 21 – то издание од Мегународниот фестивал “Актерот на Европа – 2023”, синоќа, во амбиентот на Сарајот во Ресен, пред бројната публика од љубители на драмската реч, црковни великодостојници (владиката европски г. Пимен) и други официјални лица, ја исполнија група млади талентирани актери од земјите на Балканот, со пиеса во режија на Дамјан Димовски.

Јована Брновиќ, Милош Кашчелан, Леонида Гулевска, Никола Петровиќ, Бранко Михалјловски и Тодор Стојковски, се само дел од стотината, од Школата на „Балканска уметничка младинска мрежа на мобилност“ (Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, БиХ), како Меѓународен театарски проект на Академија Балканика Еуропеана: Балканската мрежа на уметничка мобилност на младите, под покровителство на УНЕСКО.

Станува збор за Отворена школа од работилници, со студенти на уметнички академии од сите професии: актери, режисери, звучни инжињери, аниматори од петте земји на регионот кои, слеани во единство, ги надминуваат тензиите со верба за побрза европеизација на Балканот.
Низ приказната на Плевнеш, одбраните сценски движења од страна на Васил Зафирчев и вештата режисерска рака на Тобиас Џаџиу, актерите, низ една фасцинантна драмска форма и театарски средства, ја дефинираат европската гео-политика во која единствено се реализирани вредностите на трагедијата како европска измислица од Есхил до Шекспир, преку Бекет и Кантор, како што во 1998 Флоријан Габер ја дефинираше пиесата од 12 слики во угледната ревија “L’Avant Scene”.

Плевнеш текстот го напиша во Париз, како македонскии емигрант,а за прв пат изведен е на англиски јазик, со основна премисла, низ алегоричен приказ, да го пренесе длабокото и болно преиспитување на западната мисла и идеологија, конфликтните склоности кон Балканот, преку спротивставување на судирот помеѓу Западот и Истокот, во оваа историска драма.

Можеби се во право и е вистинско време, да се цитира претсмртниот завет на Достоевски (од Дневникот): „Европо, нашата иднина е во Азија“.

“Плевнеш сака да ја фокусира драмската акција во трагите на културната генетика на европската трагедија. Затоа преку него секој може да ја разбере духовноста на Македонија, насекаде во светот”. (The New York Review”).

Синоќа им беше дадена прилика и на младите актери од ресенската гимназија, кои, надвор од официјалната конкуренција, ја зиведоа драмската претстава “Бунда”, по текст на охирдскиот автор Миле Волканоски, еден од основачите и долгогодишен раководител на мегународниот музичко – сценски фестивал “Охридско лето”.

Фестивалот трае се до 11 јули, додека вечерва, од 21 часот, настапуваат актери од Германија, со пиесата „Разоткривање на минатото – Комуникација во и за Холокаустот“, по концепт, игра и режија на Кане Кампман и Брајан Мајклс, а во продукција на градот Келн.