27/04/2024
Охрид

Богослужба и водосвет во Рамне по повод празникот Светите бесребреници Козма и Дамјан

На ден 14.07.2023г.(Петок) по повод чествувањето на Светите бесребреници Козма и Дамјан во црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во село Рамне ќе се одржи богослужба со почеток во 11:00 часот, а потоа водосвет со кревање на празничните колачи.

По светата богослужба ќе биде послужен свечен ручек во просториите на конакот.

„Се покануваат сите благочестиви христијани и други добронамерници заедно да го прославиме овој светол празник“, информираат од Здружението за изградба на Црква „Св. Кузман и Дамјам“ с. Рамне Охрид.