28/03/2024
Македонија

Заловениот ротвајлер кој искаса луѓе ќе остане под официјален надзор 15 дена

Официјален ветринар на Агенцијата за храна и ветеринарство излеле на лице место веднаш по нападот од куче во кој завчера во скоската населба Аеродром беа повредени неколку лица. Од страна на екипите на стационарот Вардариште во текот на вчерашниот ден кучето е заловено и ставено во карантин. Извршен е клинички преглед на кучето и истото ќе остане под официјалн надзор во наредниве 15 дена во кои ќе се следи неговото однесување и евентуалното појавување на знаци на болеста беснило.

Од страна на лицата кои беа повредени во немилион настан кој се случи во четвртокот, извршено е препознавање и потврдено е дека заловеното куче е тоа кое ги нападнало. Се работи за младо куче од расата Ротфајлер кое не е микрочипирано и врз основа на што не е можно да се утврди неговиот сопственик.

Со цел подигнување на свеста на населението за важноста на микрочипирањетона домашните миленици како законска обврска, Агенцијата за храна и ветеринарство уште кон крајот на ноември достави барање до Владата на Република Македонија за набавка на 100 илјади микрочипови за домашни миленици. Од иднатата година, бесплатно, преку ветеринарните друштва, овие микрочипови ќе бидат аплицирани на домашните миленици.

Како одговорна институција ги потсетуваме граѓаните дека нивна законска обврска е да бидат одговорни соипственици, да се грижат за здравјето на миленикот, да го микрочипираат и вакцинираат против беснило и други болести. Кога го шетаат на јавни површини, кучето задолжително да се шета на поводник.

Доколку не се во можност да ги чуваат, апелраме домашните миленици да не се напуштаат, туку да се понудат на регистрираните прифатилишта кои на милениците ќе им најдат нов дом.