21/05/2024
Охрид

Започна летниот режим на наплата на паркинзите во Охрид

ЈП Билјанини Извори ги известува сите граѓани, институции, корисници на градскиот паркинг простор со кој стопанисува дека од денес 1 јуни започнa со наплата на јавниот паркинг согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август).

Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање за време на горенаведениот период ќе изнесуваат:

1. Зона А – 40 денари
2. Зона Б – 30 денари, и
3. Зона премиум – 100 денари