18/05/2024
Спорт

Започна проектот „Играме шах на кеј“ во Охрид

Во организација на ШК ЛАСКЕР Охрид на 28 јули во 18:00 часот на Кеј Македонија пред хотелот Нова Ривиера во Охрид, започна реализацијата на проектот ИГРАМЕ ШАХ НА КЕЈ, кој се реализира со подршка на Општина Охрид. Секој посетител од земјава и странство може да си ги одмери силите со младите шахисти од ШК ЛАСКЕР Охрид.

„Првата вечер помина со огромна посетеност, многу повеќе од очекувањата на организаторот, поради тоа Ве покануваме наредните денови да не посетите и да ја доловите атмосферата, како и да го слушнете мислењето на минувачите и посетителите на настанот за ваквата активност.“ – велат од ШК Ласкер Охрид.

Целта на проектот е промоција на шахот во Охрид, збогатување на туристичката понуда и промоција на нашиот град.