Започнаа уписите на ученици во ОМУ „Методи Патче“

Основното музичко училиште „Методи Патче“ во период од 1-ви до 10-ти јуни врши уписи за ученици во  прво оделение за инструментите пијано и виолина и за четврто одделение  за инструментите: флејта, гитара, кларинет и хармоника.

Пријавувањето ќе биде по електронски пат на следниов линк: УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ОМУ „МЕТОДИ ПАТЧЕ“

Заинтересираните ученици за термините за аудиција ќе бидат дополнително информирани на телефонските броеви кои треба да ги приложат  во пријавата.

Дополнителни информации за уписите може да се добијат и на телефонскиот  број: 046 269 -139