30/04/2024
Охрид

Засилени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид

На 06/07.04.2024 во периодот од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.

Полициските службеници, затекнале 08 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Кичево-04, Дебар-01).

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.


07.04.2024 / СВР Охрид